Федерер: Ќе му дадам некој совет на Рафа за воспитувањето на децата

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер вчера го одигра последниот меч во неверојатната кариера, а во последниот говор зборуваше за Надал.

Федерер заедно со Рафаел Надал играа во двојки за тимот на Европа против Американците Френсис Тиафо и Џек Сок кои го претстравуваа тимот на светот.

На крајот славеа Американците, а Федерер на прес-конференцијата по мечот зборуваше и за односот со Надал.

– Не знам како дојдовме до тука, бевме многу поврзани во последните 10 години. Не знам дали ме промени тоа што станав татко, а се надевам дека и Рафа се чувствува исто. Ги донесовме семејствата тука во Лондон, значи Надал не дојде само за да игра на Лејвер купот. Можам да ја почувствувам нивната страст кон мене, за многу работи имаме причини да се радуваме. Ќе му дадам и по некој совет за воспитувањето на децата бидејќи не е лесно.
Ќе уживаме во работите кои се пред нас – изјави Федерер.

ВИДЕО: Човек си ја запали раката среде тениски меч на „Лејвер купот“ во Лондон!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот