Федерер ќе го игра последниот меч заедно со Надал

Рожер Федерер ќе игра со Рафаел Надал во двојки на „Лејвер купот“/Лондон, Британија/22 септември 2022/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Освојувачот на 20 грен слем титули го замоли селекторот на „Тимот на Европа“, Бјорн Борг да го пријави само за мечевите во двојки на „Лејвер купот“ во Лондон.

Најавите се дека Рожер Федерер в петок ќе го одигра својот последен меч во кареирата на „Лејвер куп“ во двојки заедно со неговиот голем ривал, но и пријател Рафаел Надал.

Федерер и Надал ќе играат против Американците Џек Сок и Френсис Тиафо од „Тимот на Светот“, а легендарниот Швајцарец својата одлична играчка кариера ќе ја заврши на 41 година.

Освен него и Надал, Европа на Лејвер купот ќе ја претставуваат и Новак Ѓоковиќ, Стефан Циципас, Енди Мареј и Каспер Руд, а во статус на замена е Матео Беретини.

Тренерот на светскиот тим Џон Мекинро ги има Феликс Оже-Алијасим, Тејлор Фриц, Диего Шварцман, Алекс Де Минор, Френсис Тиафо и Џек Сок, а Томи Пол е како замена.

На „Лејвер купот“ секој ден се закажани три мечеви во сингл и еден меч во двојки, при што победата во секој меч во првиот ден носи по еден бод, вториот ден два, а третиот три бода. Победничкиот тим е оној кој прв ќе успее да собере 13 поени.

ВИДЕО | Ѓоковиќ пристигна во Лондон: Прилика која се укажува еднаш во животот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот