Федерер ќе стане петтиот спортист милијардер
Швајцарецот до крајот на годинава ќе ќе влезе во одбрано друштво на спортисти.
Рожер Федерер до крајот на 2021 година би требало да стане дел од елитен клуб на спортисти каде моментно „членуваат“ Мајкл Џордан, Тајгер Вудс, Флојд Мејведер и Кристијано Роналдо. Имено, Федерер до крајот на годинава се очекува да стане петтиот спортист кој во кариерата заработил неверојатни милијарда долари.
Швајцарецот кој во август ќе наполни 40 години и сè уште не размислува за пензија, ќе стане првиот тенисер милијардер. Магазинот „Форбс“ уште во 2020 година најави дека Федерер ќе стане милијардер, но поради повредата и операцијата на коленото, тој „потфат“ е одложен за оваа година.
Федерер само од турнирите заработи 129 милиони долари и втор тенисер во историјата со најголема заработка по Новак Ѓоковиќ, додека е далеку поуспешен во маркетингот, односно заработката од спонзорите кои буквално се тепаат за Швајцарецот да биде нивен манекен.
Федерер од тоа што носи Ролекс кога ги крева пехарите добива 15 милиони долари годишно. Мерцедес му плаќа по пет милиони долари секоја година за да ги рекламира нивните автомобило, а од неодамна потпиша договор за рекламирање на тестенини кој му носи 40 милиони годишно. Исто така тука се и луксузните Моет, Линдт, Кредит Свис и уште многу помали спонзори кои му носат повеќе од 100 милиони долари секога година.