Федерер ќе освојува грен слем трофеи

Рожер Федерер за три недели ќе наполни 38 години но се уште еден од најдобрите тенисери на денешницата. Швајцарецот загуби во епското финале на Вимблдон од Ѓоковиќ иако имаше две меч топки на свој сервис во петтиот сет. Многумина сметаат дека финалето на Вимблдон беше негова последна шанса да освои грен слем трофеј, но поранешниот тенисер, Пет Кеш верува дека Федерер е еден од најдобрите.

– Мислам дека единствени тенисери кои можат да го победат Рожер се Ѓоковиќ и Надал. Кога немаат повреди и двајцата, не мислам дека Надал може да го победи Рожер на Вимблдон. Мислам дека Федерер може да освои уште некој грен слем трофеј, а Вимблдон му е најдобрата можност за тоа – вели Кеш.

Поранешниот австралиски тенисер смета дека шампионот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ може да стигне до бројката од 20 грен слем титули.
– Доколку Ѓоковиќ загубеше на Вимблдон, би рекол дека немаше шанси да ги стигне 20. грен слем титули на Федерер. Меѓутоа, сега мислам дека тоа е реалност – додава Пет Кеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот