Федерер ќе игра тенис и во наредната година

Швајцарскиот тенисер си постави две цели за наредната сезона – да игра на Вимблдон и на Олимписките игри во Токио.

На Рожер Федерер одлично му дојде паузата во тенисот поради пандемијата на коронавирусот бидејќи веќе годинава имаше две операции на коленото.
– Се чувствувам многу подобро, но сè уште не сум подготвен да играм тенис. Да бидам искрен, ми годеше тоа што долго време сум на едно место и такво нешто ми се случува за прв пат по 25 години – вели Федерер.

Швајцарецот иако има 39 години, нема намера да оди во пензија, неговиот план е да игра и наредната година за која си постави две цели, да настапи на Вимблдон и Олимписките игри во Токио.

– Нормално дека ми недостасува Вимблдон, би сакал уште сега да играм на централниот терен. Нормално, една од моите главни цели и причина поради која напорно работам за време на рехабилитацијата и бидејќи сакам да се вратам на Вимблдон наредната година. За жал поради операцијата на коленото не бев во можност да играм на ОИ во Рио де Жанеиро. Се надевам дека ќе се играм во Токио идната година и тоа е една од моите цели– додава Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот