Федерер ќе игра на Олимписките игри следната година

twitter.com/WeAreTennis

Швајцарската тениска легенда Рожер Федерер, откри дека планира да учествува на олимпискиот турнир во Токио следната година.

Федерер играше демонстративен натпревар против Џон Изнер во главниот град на Јапонија, и на Јапонците им порача дека ќе се видат и следната година, на Летните олимписки игри.

– Со мојот тим, веќе неколку недели размислувавме на оваа тема. Требаше да се одлучи што да правам во периодот по Вимблдон, а пред УС Опен. Моето срце избра да играм на олимпискиот турнир – вели Федерер.

Златен медал од ЛОИ е единствениор кој недостасува во колекцијата трофеи на Федерер. Во 2004 година, тој на ЛОИ ја запозна својата сопруга, во 2008 освои злато, но во двојки со Вавринка, во Лондон 2012 загуби во финалето, а не настапи во Рио 2016.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот