Федерер: Имав кошмари по поразот во финалето на Вимблдон

Рожер Федерер по пауза од еден месец се враќа на тениските терени. Тој ќе игра на Мастерс турнирот во Синсинати, и ова ќе биде негов прв настап по поразот од Новак Ѓоковиќ во епското финале на Вимблдон во кое пропушти две меч топки и тоа на свој сервис.

– Не ми беше лесно, во првите неколку дена треба да ви стане јасно што се случи, бидејќи победата беше толку блиску. Имав кошмари, во главата постојано го повторував финалето и ги барав грешите и моментите во кои требаше да реагирам многу подобро.

Но кога ќе се вратите на тренинзите и напорната работа, ќе заборавите. Тоа е единствениот начин тие сцени да престанат да ве следат во мислите. Тоа е реалноста, победите не ги паметите толку колку поразите, но јас едвај чекам повторно да играм против Ѓоковиќ. Максимално сум подготвен за мојот камбек на терените, да покажам колку можам – рече Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот