Федерер им се закани на Надал и Ѓоковиќ

EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Швајцарецот Рожер Федерер пред стартот на последниот годинешен грен слем турнир, УС Опен, изјави дека се чувствува одлично. Федерер кој за последен пат на УС Опен триумфира во 2008 година истакна дека тој е еден од главните фаворити за трофејот, покрај Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Иако по поразот од Ѓоковиќ во историското финале на Вимблдон, Федерер одигра само два меча и во третото коло на Мастерсот во Синсинати  беше поразен од Андреј Рубљов, сепак е полн со оптимизам.

– Пред неколку денови зборував за време на тренингот дека со години не сум се чувствувал толку добро пред УС Опен, што ми влева самодоверба. Не ги кревам очекувањата премногу, знам дека ќе биде тешко, но сепак имам свои шанси за триумф – влеи Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот