Федерер и пензиониран најмногу заработува во „белиот спорт“

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Еден од најдобрите на сите времиња, Роџер Федерер иако пред два месеци се пензионираше од активното играње тенис сепак заработува најмногу од „белиот спорт“.

Швајцарецот имаше долгогодишна соработка со „Најк“ , а во 2018 година потпиша договор на десет години со „Уникало“ со вредност од 100 милиони долари, така од овој спонзор ќе добива пари до 2028 година.

Само откако се повлече тој заработи 130 милиони долари, Федерер се појави на егзибација во Јапонија. Меѓутоа сите овие договори веројатно ќе бидат мали во споредба со друг извор на приход.

Со прекинувањето на соработката со „Најк“ Федерер инвестираше во „Оn Runing“, производител на патики. Федерер сериозно влезе во оваа компанија од Швајцарија која според проценките има вредност од 10 милијарди долари. Делот на Федерер во овој момент изнесува околу 300 милиони долари.

Кога се ќе се собере значи дека Федерер во овој момент вреди 500 милиони долари со неговите тековни инвестиции и парите од спонзорски договори.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот