Федерер и Надал на тениски спектакл во Кејптаун поставија нов рекорд (ФОТО)

Рожер Федерер и Рафаел Надал во родниот град на мајката на Швајцарецот одиграа егзибициски дуел пред рекордни 50.000 гледачи.

Токму двајцата најтрофејни тенисери беа главните ѕвезди на спектаклот кој се одржа во Кејптаун. Егзибицијата му припадна на Федерер кој славеше со 2:1 во сетови и тоа со 6:4,3:6,6:3 а го одиграат пред рекордни за тениски прилики, околу 50.000 гледали. Досегашниот рекорд го држеа Федерер и Александер Зверев кои минатата година во Мексико сити играа пред 42.517 гледачи.


 

Пред нивната меѓусебна пресметка, Федерер и Надал одиграа натпревар во парови. Федерер играше заедно со еден од основачите на „Мајкрософт“, Бил Гејт, додека Надал за партнер го имаше актерот Тревор Ноа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот