Федерер го искористи местото во Советот на АТП за да си ја заштити позицијата на ранг листата

EPA-EFE/NIC BOTHMA

Потпретседателот на Тениската федерација на Германија, Дирк Хордорф, го обвини Рожер Федерер дека ја искористи својата позиција во Советот на тенисери во АТП за да го промени системот на бодување и така да се заштити.

Поради пандемијата на коронавирирусот која предизвика петмесечна пауза во тенисот, АТП одлучи да ја „замрзне“ ранг листата се до продолжението на натпреварите од средина на август.

Исто така е направен и нов систем на бодување по кој се гледаат најдобрите 18 резултати на тенисерите во период од 22 месеци, наместо стандардните 12 месеци.
Хордорф тврди дека до овие измени е дојдено по притисокот и влијанието на Рожер Федерер кој оваа година играше само на еден турнир, Австралија Опен, а со новиот систем на бодување тој остана на петтото место на АТП ранг листата.

– Рожер го промени системот на рангирање за да се заштити себе си. Тоа е неодговорно и некоректно. По мое мислење, Рожер ги користи предностите кои ги има во Советот на тенисери во АТП. Никој не зборува за ова но без сиве овие промени во начинот на бодубање, Рожер Федерер не би бил ниту во топ 50 најдобри тенисери на ранг листата – изјави Хордорф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот