Федерер го чека 14. трофеј, а Ѓоковиќ ќе остане на нула!

Global Look Press/ZUMA Press/Screenshot social media

Србинот, кој во 2018. година ја освои наградата за најдобар играч на годината (оваа тоа е Рафаел Надал, како број 1), исто така беше награден со признание за „кам-бек на годината“.

Но, Новак Ѓоковиќ оваа година го нема во ниту една конкуренција иако можеше да се најде барем во групата на оние кои се кандидати за наградата за фер-плеј која го носи името на поранешниот број еден, Швеѓанецот Стефан Едберг.

Познато е дека АТП секоја сезона им доделива награди на најдобрите, во анкетата учествуваат играчите и тренерите.

Интересен е податокот што Ѓоковиќ откако се натпреварува на АТП турнирите како професионалец ниту еднаш не бил добитник на наградата за фер-плеј.

Од 2004-2018 година Рожер Федерер доминираше во овој избор, само двапати Рафаел Надал доаѓаше до оваа награда во тој период.

Ѓоковиќ, кој многупати ги поништуваше судиските одлуки на своја штета и се однесуваше навистина коректно кон противниците, нитуеднаш не го добил ова признание.

Федерер го чека 14. признание, а оваа сезона ќе има конкуренција во Рафаел Надал, Доминик Тим и Диего Шварцман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот