Федерер експресно во четвртфиналето

Големата тројка во тенисот без проблеми ита кон завршницата на Вимблдон. Последен кој обезбеди пласман во четвртфиналето е Рожер Федерер кој му препушти само пет гемови (6:1,6:1,6:2) на 17. носител Матео Беретини.

Негов противник во четвртфиналето ќе биде Јапонецот Кеи Нишикори кој во четири сетови го елиминира Михаил Кукушкин. Нишикори славеше со 3:1 и тоа со 6:3,3:6,6:3,6:4.

Вистински маратон одиграа Милош Раониќ и Гвидо Пеља, а на крајот победата ја однесе Аргетинецот кој успеа да се врати по негатива од 0:2 во сетови. Пеља славеше со 3:6,4:6,6:3,7:6,8:6 и во четвртфиналето го очекува пресметка со Шпанецот Роберто Баутиста Агут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот