Федерер едвај чека да игра против Ѓоковиќ

twitter.com/WeAreTennis

Роже Федерер денеска дојде до првиот триумф на Мастерсот во Лондон со победата над Матео Беретини, откако во првото коло од групата Б загуби од Доминик Тим.

Швајцарецот во четврток го очекува пресметка со Новак Ѓоковиќ во третото коло, а тоа воедно ќе биде прв меѓусебен дуел по епското финале на Вимблдон.

– Возбуден сум што ќе играм против Новак. Дуелот на Ѓоковиќ и Тим ќе ми даде нови информации за неговата игра и тоа што ќе ме очекува во нашата пресметка – вели Федерер кој истакна дека е задоволен од денешната победа, но и дека мора да игра подобро во четврток.

– Необично е да се изгуби и повторно да се игра на ист турнир, но истото ми се случи и минатата година, така што имам искуство. Задоволен сум како одиграв денеска, но и дека ќе мора да играм малку подобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот