Федерер дели бесплатни совети на Инстаграм, се јави Ѓоковиќ и забавата е загарантирана (ФОТО+ВИДЕО)

Рожер Федерер им понуди бесплатни совети на своите фанови и колеги како да го подобрат чувството за топчето.

Швајцарецот објави видео на кое тој е облечен во бела опрема и на кое покажува како го удира топчето во ѕид и вежба сам со себе.

Еве една корисна вежба. Да видиме што знаете вие. Одговорете ми со ваше видео и ќе ви дадам совети. Паметно бирајте го својот шешир“ напиша Федерер.

На повикот се јави и првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, кој постави видео како го удира топчето.
Дали е ова доволно добро“ праша Новак и во шега го означи Федерер.


Федерер го прифати предизвикот и исто на пеговит начин му одговори на Ѓоковиќ.
Со тој волеј ме победи многу пати, мислам дека на тебе не ти треба мојот совет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот