Федерална комисија на САД укина одобрување за нова опема од „Хуавеи” и од „ЗТЕ”

Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Американската влада забранува продажба и увоз на комуникациски уреди направени од кинески производители на паметни телефони и добавувачи на мрежна опрема Huawei и ZTE, нагласувајќи дека тие претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност, објави американскиот телекомуникациски регулатор FCC.

„Како резултат на нашата наредба, ниту една нова опрема на Huawei или ZTE не може да биде одобрена”, напиша комесарот на FCC, Брендан Кар на Твитер. Постои и можност за одземање на постојните одобренија, додаде тој.

Тоа е „првпат во историјата на FCC” да се забрани одобрувањето на нови уреди поради загриженост за националната безбедност, напиша тој.

Одлуката не е изненадување, јави ДПА. Американскиот претседател Џо Бајден минатата година нареди со закон да се исклучи мрежната технологија на Huawei и ZTE од американскиот пазар, продолжувајќи ја политиката на неговиот републикански претходник Доналд Трамп во спорот со Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот