Федерален судија му забрани на Трамп со парите за воени расходи да го гради ѕидот кон Мексико - Слободен печат

Федерален судија му забрани на Трамп со парите за воени расходи да го гради ѕидот кон Мексико

Федерален судија од Тексас блокираше 3,6 милијарди долари планирани за воени расходи, што администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги побара за изградба на ѕид на јужната граница.

Судијата Дејвид Брионес од Ел Пасо синоќа пресуди дека повик за вонредна состојба на границата со Мексико кој претседателот го објави во февруари годинава, за пренасочување на парите од проекти за изградба на воени објекти во изградба на пограничен зид кон Мексико, е незаконски.

-Прокламацијата за вонредна состојба на претседателот беше безобзирен обид на преземање на власта на Конгресот, изјави Кристи Паркер, советник на невладината организација Заштити ја демократијата, која ги претставуваше тужителите.

-Денешната одлука потврдува дека претседателот не е крал и дека судскиот систем може да ги исправи грешките кога тој ги надминува своите граници.

Прочитајте и...  Србија: Лажна тревога за заболен од коронавирус, се применуваат превентивни мерки

Тужители се округот на Ел Пасо и организацијата Гранична мрежа за човекови права. Во тужбата се наведува дека претседателот ги надминал своите надлежности со „прокламација на национална вонредна состојба и погазување на законите на Конгресот за лимит на средствата за подигање бариери на американско-мексиканската граница”.

Судската одлука, сепак ја призна законитоста на барањето на администрацијата да пренасочи дополнителни 2.5 милијарди долари од проекти планирани за одвикнување од дроги во изградба на ѕидот.

Прочитај повеќе

Курсна листа: Еврото денеска со вредност од 61.64 денари

Слободен печат

Булдожери за три години треба да ги „исчистат“ охридските плажи

Мирослава Бурнс

Коби пред смртта објави фотографија со семејството, и покажа кој му беше најголема поддршка

Слободен печат

Трамп реагираше за смрта на Коби: Ова е ужасна вест

Слободен печат

Последната порака на Коби Брајант

Слободен печат

На лизгалиште во Битола, со маски

Слободен печат

Остави Коментар

twelve − 7 =

Прочитај повеќе

Видео од местото на несреќата каде Коби Брајант го загуби животот

Слободен печат

Македонците ја добија првата подршка од албанска партија за загарантирани места во албанскиот парламент за малцинствата

Слободен печат

Рама отпатува за Берлин на средба со Меркел,во функција на донаторската конференција за Албанија

Слободен печат

ШОК ВО САД: Во хеликоптерска несреќа загина НБА ѕвездата Коби Брајант

Слободен печат

Лондон се подготвува в петок да одбележи напуштање на ЕУ

Директорот на СЗО на пат кон Кина поради ширењето на новиот коронавирус

Слободен печат