Федерацијата нема да добие ниту евро од ТВ правата!

ffm.mk

На состанокот претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски на претставниците на клубовите им ги презентираа понудите од две регионални телевизии за продажба на телевизиските права од Прва МФЛ и Националниот куп.

Првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини истакна дека сумата од евентуално прифатената понуда на една од двете регионални ТВ станици целосно ќе биде ставена во трошоците за сезоната на клубовите, односно, како што рече Сејдини, федерацијата нема да добие ниту евро од продажбата на ТВ правата.

– Македонскиот фудбал за да се развива и да оди напред важно е ФФМ и клубовите да најдат заеднички јазик по важни прашања, заедно да седнеме на маса и да разговараме. Сметаме дека ова е значајно прашање за кое ние како раководство посветивме големо внимание и се надевам дека заеднички ќе имаме корист. За нас користа од евентуалниот договор за ТВ правата е промоција на македонскиот фудбал, а сумата која би ја добиле целосно ќе ја поделат клубовите. Понудата која ја добивме од две регионални ТВ станици се однесува на два директни преноси по коло од нашата Прва фудбалска лига – истакна претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

До среда е рокот до кој клубовите треба да се произнесат по барањето за отстапување на ТВ правата. Клубовите се запознаени со условите и сумата која евентуално би ја добиеле доколку позитивно одговорат на барањето за продажба на ТВ правата, а натпреварите од домашниот шампионат.

Во изминатите речиси три децении никогаш не биле продадени ТВ права за натпреварите од домашниот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот