Федерацијата на вработени во државните болници во Грција бара да се најде решение за напуштените деца во болниците

фото: МИА

Повик до надлежните министерства да се најде решение за околу 50 напуштени деца, кои по наредба на јавен обвинител се сместени во детските болници, упатуваат од грчката Федерација на вработени во државните болници, jави дописничката на МИА од Атина.

Во нивното соопштение, акцентот го ставаат на 11-годишно момче со тежок аутизам, кое од 9 септември со наредба од обвинителството е примено во детска болница во Атина. Велат дека поради состојбата, детето е агресивно, постои опасност само да се повреди, но и ги вознемирува останатите деца хоспитализирани во клиниката.

Болницата обезбедила медицински сестри да се грижат за него, но една по друга си давале отказ бидејќи детето било агресивно и им нанесувало повреди, а управата прави напори да се најде решение.

-Го повикуваме политичкото раководство на Министерството за здравство и заменик министерот за труд да најдат решение за овој голем социјален проблем. Решение треба да се најде и за другите 50 напуштени деца, пишува во соопштението од Федерација на вработени во државните болници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот