Федерацијата го аминува договорот на екипите и кошаркарите

фото: КФСМ

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) објави дека е постигнат договор за решавање на нсогласувањата помеѓу клубовите и здружението на професионални кошаркари. Прифатен е предлогот на клубовите, ќе нудеше задржување на старото правило до плеј-офот, а потоа укинување на сите ограничувања за настап на странци по завршувањето на Супер-лигата.

„По иницијативата на Здружението на прволигаши за промена на членот од Регистрацискиот Правилник за минимален број на домашни играчи на терен во текот на целиот натпревар, Кошаркарската федерација на Северна Македонија организира неколку состаноци на кои покрај раководството на КФСМ присуствуваа и членови на Асоцијацијата на кошаркарски играчи и претставници од клубовите кои (ќе) се натпреваруваат во Прва лига мажи.

По одржаните состаноци донесено е конструктивно решение кое ги задоволува интересите на играчите и клубовите и ќе придонесе за понатамошен развој на домашните кошаркари, ќе ги поттикне клубовите интензивно да инвестираат во младинските селекции, а при изборот на странски играчи критериумот за квалитет да биде на високо ниво.

Измената ќе гласи: Клуб од прва лига мажи да има право на пријавување и настап на најмногу 4 (четири) странски играчи во составот на еден натпревар, со настап не помалку од 2 (два) домашни играчи во игра на целиот натпревар до завршување на регуларниот дел, супер лигата и плеј-аут натпреварите. Во плеј-оф натпреварите (полуфинале и финале) како и во полуфиналните и финалниот натпревар во Купот нема да има ограничување на бројот на домашни играчи на терен во текот на целиот натпревар.

Правилото ќе биде процедурално процесирано низ структурите на КФСМ и ќе има неколкугодишна примена“, стои во соопштението на КФСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот