ФДА не одобри трета доза на „Модерна“

Вакцина „Модерна“ / Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Научниците од Американската администрација за храна и лекови (ФДA) денеска објавија дека вакцините на „Модерна“ не ги исполниле нивните критериуми со кои ќе се одобри употреба на бустер дозата на вакцината против ковид-19.  

ФДА соопшти дека податоците за вакцината на „Модерна“ покажала дека зголемената доза ги зголемува заштитните антитела, но дека разликата во нивото на антителата пред и после третата доза не е доволно голема, особено кај луѓето чии нивоа на антитела остануваат високи, објави Ројтерс.  

ФДА генерално ги следи советите на своите експерти, но не е должна да ги слуша. Групата советници од американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) ќе се состанат следната недела за да разговараат за конкретните препораки за тоа кој може да добие трета доза во САД ако ФДУ одобри одредена вакцина.  

„Модерна“ бара овластување за трета доза од 50 микрограми, што е половина од првобитната доза на вакцината дадена со разлика од четири недели.  

Компанијата побара од ФДА да и дозволи трета доза за лица на возраст од 65 години и постари, како и за имунокомпромитирани, нешто слично на овластувањето дадено на конкурентската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот партнер „Бионтех“.  

Советниците на ФДА, исто така, ќе размислат да дадат зголемена доза за вакцината Џонсон и Џонсон во петок, која се прима во единечна доза. 

Видео на денот