ФДА го паузира вакциниањето со „Џонсон и Џонсон“ во САД поради шест случаи на мозочна синусна тромбоза
Американските здравствени власти повикаа да се запре со употребата на ковид вакцината на „Џонсон и Џонсон“ поради неколку случаи на згрутчување на крвта. Агенцијата за храна и лекови (ФДА) кажа дека ова го прават од претпазливост.
„Центарот за контрола и превенција на болести истражува шест случаи на редок, но сериозен тип на тромбоза кај поединци кои ја примиле оваа вакцина. Засега се чини дека овие несакани ефекти се крајно ретки. Предлагаме пауза во употребата на вакцината од претпазливост“, објави ФДА на Твитер, додавајќи дека станува збор за мозочна синусна тромбоза.
Според ФДА, овој тип на тромбоза бара поразлично лекување од вообичаено, при што лекувањето со коагулантот „хепарин“ би можело да биде опасно.