FCA вложува 700 милиони евра во новиот електричен FIAT 500

Во годината во која се одбележува 80 години од отворањето на фабриката на FIAT – Мирафиори во Торино каде се подготвува целосно новиот електричен модел. Во овој погон ќе биде инсталирана нова производствена линија со капацитет од 80.000 возила годишно, а во неа ќе се изработуват новиот FIAT 500 на струја.

Италијанскиот производител вели дека е предвидено капацитетот во иднина дополнително да се зголеми, доколку за тоа се појави потреба. Инаку, новиот електричен FIAT 500, зa разлика од не толку успешниот претходник 500e, кој се продаваше само во САД, ќе биде првиот модел на струја на овој бренд кој ќе се најде и на европскиот пазар.

Производителот од Торино соопшти дека новиот модел ќе започне да се составува во вториот квартал од 2020. година, a во производниот процес ќе бидат вклучени околу 1.200 работници на FIAT.

Новиот електричен 500 веројатно нема да биде единствениот модел на струја кој ќе се прави во фабриката Мирафиори. Овој автомобил е само дел од инвестицискиот план на компанијата FCA зa периодот 2019-2021.

Имено, во план е вкупна инвестиција во висина од дури 5 милијарди евра, со цел да се обнови производната гама, па е најавено лансирање на 13 нови или редизајнирани модели.

Покрај тоа, FCA планира на купувачите да им понуди и 12 електрифицирани верзии (хибриди и „plug-in“ хибриди) на постоечките возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот