ФБИ: Во овие знаци се раѓаат најопасните криминалци!

После анализите од архивите за криминал, американскиот разузнавачка агенција ФБИ утврдила дека луѓе родени во одреден ден од годината, сочинуваат голем број од криминалците. Тоа најчесто се личностите со знак во Рак, Скорпија и Стрелец. Криминалците родени во знакот на Рак се на прво место помеѓу сите криминалци на светот. Тие личности се склони кон нагли промени во расположението што е главен извор на проблемот.

Во ФБИ велат дека мнозинството сериски убијци се родени во ноември – криминалците родени во знакот на Скорпија познати се како исклучително садистички настроени убијци.

Криминалците родени во знакот на Стрелец се специфични. Нив не ги интересираат ситни поединечни злосторства, туку одат на големи. Кога убиваат, го прават тоа масовно и сакаат да се нарекуваат лидери.

Најбезопасен е хороскопскиот знак Близнаци, пренесува порталот 24 сата. На нивните раце имало најмалку извалкана крв. Тие едноставно никого не го доживуваат толку сериозно за да го убијат или повредат. Повеќе сакаат долго да разговараат отколку да се занимаваат со криминал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот