ФБИ ПРЕДУПРЕДУВА: Залепете ја камерата, хакерите ве гледаат преку „паметните“ телевизори (ВИДЕО)

профимедиа

Паметните телевизори кои се приклучени со интернет и поддржуваат апликации и стриминг, ги прави ранливи за хакерски напади. Многу од нив доаѓаат и со вградена камера, на која хакерите можат да се приклучат, пренесува „24сата“.

Многу од семејствата ширум светот ги минуваат попладневните часови пред телевизорот, а речиси сите веќе имаат „паметни телевизори со вградени камери.

Освен што гледате, запрашајте и што сѐ правите пред телевизорот, дури и кога е изгаснат. Дури и ако не станува збор за нешто „невообичаено“, веројатно не сакате некој да ве гледа додека готвите или ја чистите дневната соба.

ФБИ сега предупреди дека хакерите преку „паметните“ телевизори можат да ја користат вашата камера и да гледаат што правите, а можат да се приклучат и на вашиот компјутер и да ги прегледуваат вашите податоци.

Тие препорачуваат камерата да биде залепена со темен селотејп, и да се запознаете со сигурностните поставки на вашиот телевизор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот