ФБИ објави список со најреално прикажани психопати во филмската индустрија

Instagram

Експерти на ФБИ задолжени за психолошко профилирање на луѓе кои се реална закана за општеството се впуштија во мрачниот свет на филмската фантастика и направија листа на десетте најдобри и најреални психопати што можеме да ги сретнеме, за среќа само на нашите екрани.

Постојат различни проценки за бројот на психопати кои шетаат меѓу нас, а според Универзитетот во Оксфорд, 1 процент од населението во Западна Европа се психопати!

А еве кои се десетте најдобри и најреални психопати прикажани во филмската индустрија:

10. Норман Бејтс – „Psycho“

Причината поради која овој лик се најде на последното место, иако неговиот психолошки профил јасно го сугерира името на самиот филм, е тоа што аналитичарите на ФБИ не го сметаат за комплетен психопат. Проценката на Норман е рангирана некаде на средина, а експертите тврдат дека повеќе ги покажува класичните симптоми на повеќекратно нарушување на личноста отколку карактеристиките на класичната и уникатна ментална структура на психопатите.

9. Ханибал Лектор – „The Silence of the Lambs“

Сцената во која Кларис Старлинг се среќава со култниот Ханибал Лектор е веројатно една од најлегендарните сцени во филмот, а експертите на ФБИ велат дека таа во најголем дел е совршен приказ на интервју со психопат. Тие објаснуваат дека во интервјуто доаѓа до замена водена од динамиката на моќта во која психопатот психолошки се поставува како предатор, а сослушувачот како плен. Во секоја од сцените во кои се појавува Ханибал, постои непогрешливо ниво на лукавство и манипулација што го издвојува како вистински психопат.

8.  Леон Ковалски – Blade Runner

Начинот на кој се тестираат имитаторите во филмот се заснова на вистинска листа за проверка на проценка на психопати, но целта за утврдување на емпатија е значително различна од тестот што го користи ФБИ. И во оваа измислена верзија и во реални испитувања, целта е да се утврди основниот одговор на човекот кон емпатијата што 99 проценти од нас ја имаат до одреден степен. Леон Ковалски паѓа на тестот во шокантно насилно ниво, но за разлика од другите психопатски филмови, „Blade Runner“ користи прикриен концепт со кој едноставно никогаш не знаете што ќе се случи.

7. Гордон Геко – „Wall Street“

„Алчноста е добра“, вели Гордон Геко безброј пати во возбудлив говор на кој на крајот му верувате. Неговиот проповеднички начин на обраќање е совршен приказ на моќта на психопатите. Комбинацијата на манипулација, грандиозно самопочитување и површен шарм може да биде смртоносно на повеќе начини. Филмската изведба на Мајкл Даглас совршено си игра на границата помеѓу одвратност и нудење доволно харизматичен шарм. Гордон Геко е премногу интересен за веднаш да оформите мислење дека станува збор за психопат, но во исто време е премногу лишен од човечките карактеристики за да биде сакан.

6. Шон Конери – James Bond

Можеби за многумина изгледа како необичен избор, но аналитичарите се едногласни. Отсекување глава на човек, притоа правејќи шеги за тоа, не е однесување на нормална личност. Дури и кога сето тоа е насочено кон негативци, природно е да се очекува некаков емпатичен одговор. Промискуитет, слаба контрола на однесувањето, бесчувствителност и недостаток на емпатија… сето тоа ни го покажа Бонд на екранот без разлика кој го игра, велат експертите.

5. Том Рипли – The Talented Mr. Ripley

Многу точки од списокот на психопатски карактеристики може да се сведат на погрубо заедничко име – девијација. А тоа секако може да  препише на убиецот г. Рипли. Тој е несомнено шармантен, но зад уредноста, испегланата јака на поло маицата се крие вртоглав злонамерен ум.

4. Алекс – A Clockwork Orange

Филмската адаптација на романот на Ентони Бургес што ја направи Кјубрик беше опишана како „вознемирувачка“, а од помалку либералните кругови имаше повици да се забрани неговото прикажување. Психопатското однесување на Алекс, со краен недостаток на емпатија и постојана потреба за стимулација и возбуда е совршена комбинација за психопатско однесување.

3. Кевин –  „We Need to Talk About Kevin“

Потешко е да се дијагностицира психопатија кај деца, поради тешката перцепција на природата во врска со воспитувањето, но сепак во некоја форма таа може да се забележи. Во делот од филмот што се однесува на неговата младост, Кевин не покажува блискост со другите, нема ниту трошка каење – две одлики клучни за препознавање на психопатија од рана возраст. Се покажа дека филмовите што го градат заплетот побавно и скоро инсистираат на психопатски реализам се крајно воодушевувачки.

2. Џед  – „Malice“

Во филмот, Алек Болдвин игра хирург со комплекс на Бог, една од клучните особини на психопатија. Злобниот, арогантен и самоуверен Џед е очигледен пример за тоа како може да се маскираат психопатите меѓу нас. Иако е хирург, злобниот доктор знае повеќе начини како да ви влезе под кожа. Џед нуди повеќе од прилично површен шарм, но кога таа маска ќе падне, тоа го прави со таков отрезнувачки ефект што ќе ве натера да размислите за довербата во луѓето.

1. Џокер – „The Dark Knight“

Според ФБИ, најреален психопат во историјата на филмот е кловнот кој војува со Бетмен. Убавината на епската сага на Кристофер Нолан беше тоа што тој ги претвори стриповите во трилер, а не обратно. Како што откриваат експертите, ако се одземе очигледната фантастика, останува соврешно психопатски резултат. Само во првата сцена, Џокер ги исполнува сите критериуми за проценка на психопат. Тој не се плаши од ништо, нема проблеми со убивање и очигледно е желен за возбуда. Неговата незаситна потрага по сензации ѝ овозможува повеќе од доволно возбуда на публиката, и иако за среќа станува збор за фикција, малку претпазливост никогаш не е на одмет, пишува „Tportal“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот