ФБИ нема точен заклучок за причината на експлозијата во Бејрут (ВИДЕО)

Експлозија во Бејрут / Фото: EPA-EFE/@tayyaraoun1 EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека сè уште не дошле до точен заклучок за тоа што ја предизвика експлозијата во Бејрут на 4 август, кога загинаа речиси 200 лица и беше предизвикана материјална штета од неколку милијарди долари.

Другите агенции во САД и земјите на ЕУ, кои внимателно ја следат истрагата за експлозијата, се убедени дека нејзината причина е несреќа, објави Ројтерс, додавајќи дека добилe одговор од ФБИ дека Истражното биро не дошло до таков заклучок, пренесуваат локалните медиуми.

ФБИ наведе дека се потребни дополнителни прашања да се постават на либанските власти кои раководат со истрагата.

Либанските медиуми информираа дека извештајот на ФБИ за разорната експлозија во понеделникот бил доставен до либански Суд.

Во експлозијата во магацин со приближно 2.750 тони неправилно складиран амониум нитрат во пристаништето Бејрут, што се смета за една од најразорните ненуклеарни експлозии во историјата, загинаа речиси 200 лица, додека 6.500 беа повредени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот