ФБИ на РАЈСКИОТ ОСТРОВ на Епстајн: Тука се случувале НАЈОДВРАТНИТЕ НЕШТА (ВИДЕО)

По самоубиството на Џефри Епстајн, ФБИ извршиле претрес на неговиот приватен рајски остров, во склоп на истрагата по неговата смрт.

На островот Литл Сент Џејмс пристигнале голем број агенти на ФБИ, како и неколку нуркачи. Дел од нив ги претресувале возилата, а други влегле во вилата.

Епстајн го купил овој остров во 1998 година за 8 милиони долари, а истиот припаѓа на Девствените Острови.

Токму на овој остров, без жителите на соседните острови да бидат свесни, во вилата на Епстајн се случувале грозни нешта, за кои сега се открива дека вклучувале и сексуална злоупотреба на малолетни лица.

Според некои, тука се движеле познати лица од џетсетот, модели на Викторијас Сикрет, како и милионери. Многумина од нив доаѓале со приватни летови, кои се паркирале во дворот на вилата. Сведоците тврдат дека често гледале малолетни девојки како влегуваат на имотот. Се спомнува и дека дури и Бил Клинтон најмалку 27 пати учествувал на ваква забава.

Дури и приватниот авион на Епстајн има провокативно име – Лолита Експрес.

Освен овој, тој купил и еден од соседните острови. Многумина од жителите на Девствените Острови ги нарекувале двата имота на Епстајн „педофилски дувла“ и и ден-денеска ги сметаат за мрачни точки.

Истрагата на ФБИ ќе даде поконкретни резултати што таму се случувало.

https://www.youtube.com/watch?v=W92dnkrgvC0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот