ФБИ преку Фејсбук реклами таргетира РУСКИ ШПИОНИ во Вашингтон (ВИДЕО)

ФБИ на подрачје на градот Вашингтон објавува реклами кои изгледа се смислени за да се регрутираат руски шпиони, но и за тие кои се запознаени со нивните активности, пишува Си-Ен-Ен.

Новинарите на Си-Ен-Ен приметиле неколку спонзорирани реклами со таа цел. На едната се наоѓа фотографија од млада дипломирана девојка со нејзината фамилија. Покрај нејзе на руски јазик е напишано: „За вашата иднина, за иднината на вашата фамилија“.

Други покажуваат слики од шаховска плоча со текст на руски: „Зарем сега не е твој ред на потег?“

„Лично посетете не“

Рекламите водат до интернет страницата на канцеларијата на ФБИ во Вашингтон, на која на англиски и руски јазик се нудат детали за тимот за контраразузнавање и адреса на теренската канцеларија на ФБИ.

„Лично посетете не“, пишува на страницата.

„Можеме само да коментираме дека Русија има голем број на службеници од разузнавачката служба позиционирани во руските дипломатски објекти низ целиот свет. Тие се многу активни и претставуваат ризик за САД и нашите сојузници“, рекол за Си-Ен-Ен Алан Е. Кохлер, ФБИ агент задолжен за одделението за контраразузнавање на теренската канцеларија во Вашингтон.

„ФБИ користи различни средства за да собере информации кои можат да помогнат да се заштити САД“, додал тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот