ФБИ приведе пратеничка во Њујорк

Пратеничката во руската Дума, Инга Јумашева, била приведен на аеродром во Њујорк заради сослушување, соопшти амбасадорот на Русија во САД.

Таа била приведена од службеници на ФБИ по што руската Амбасада испрати протестно писмо до Стејт департментот.

Руските медиуми јавуваат дека Јумашева отпатувала во САД за да учествува на форумот „Дијалог Форт Рос” кој се одржува денеска и оти припадник на ФБИ ја сослушувал еден час.

Според руската дипломатска мисија, на Јумашева и биле поставувани „целосно нејасни, неразбирливи и неприфатливи прашања”.

Претходно дел од руската делегација, која требаше да присуствува на Генералното собрание на ОН, не доби американски визи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот