ФБИ ќе се грижи за безбедноста на тенисерките и тенисерите на Мастерсот во Индијан Велс

За безбедноста на тенисерите и тенисерките на наредниот мастерс ќе се грижи Федералното истражно биро/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Тениската сезона продолжува со Мастерсот во Индијан Велс кој стартува утре, а тенисерите и тенисерките добија интересна порака од челниците на АТП и на ВТА.

Имено, поради зачестените закани кои доаѓаат за спортистите преку социјалните мрежи, АТП и ВТА одлучија да побараат помош од Федералното истражно биро (ФБИ).

„Сакаме да ве известиме дека ФБИ ќе биде присутен на годинешниот БНП Парибас Опен во Индијан Велс за да ги надгледува тенисерите и да ги следи социјалните мрежи со цел да се запре малтретирањето на тенисерите и тенисерките на социјалните мрежи“, стои во соопштението на АТП и ВТА.

Мастерсот во Индијан Велс ќе започне утре и ќе трае до 17 октомври, а на него нема да учествуваат тројцата најдобри тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот