ФБИ/КИСА: Ирански хакери собрале податоци за американски гласачи

Американските безбедносни служби потврдија дека ирански хакери кои испратиле заканувачки електронски мејлови до илјадници Американци претходно овој месец „успешно пристапиле до податоците на гласачите на претстојните претседателски избори”.

ФБИ и Секретаријатот за внатрешна безбедност (КИСА) во заедничко соопштение наведоа дека „сторителите успешно добиле податоци од регистарот на гласачи во најмалку една американска федерална држава”.

Директорот за национално разузнавање Џон Ратклиф и директорот на ФБИ Крис Вреј минатата недела изјавија дека Иран и Русија собрале податоци за американските гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори во САД.

Невообичаената прес-конференција за разузнавање се одржа на само неколку денови пред претседателските избори во САД, откако демократските гласачи во најмалку четири клучни држави добија заканувачки мејлови, наводно од групата „Горди момци”, предупредувајќи дека ќе бидат прогонувани ако не гласаат за Трамп.

Во таа операција биле користени адреси за е-пошта од регистарот на гласачи, кои вклучуваат определеност, адреса на домот и е-пошта и телефонски број.

Испраќачите тврдат дека ќе знаат за кој кандидат гласал примателот на мејлот на изборите на 3 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот