ФБИ ќе и помага на локалната полиција во Вашингтон за време на протестите

Фото: ЕПА

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) отвори оддели низ САД со цел побрзо да се реагира на протестите поради за убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис, јави Си-Ен-Ен.

Американската ТВ мрежа информира дека официјален претставник на Министерството за правда изјавил дека главниот обвинител (министер за правда) Вилијам Бар му наредил на специјален тим на ФБИ да и помогне на локалната полиција во Вашингтон за време на протестите.

Бар, исто така, испратил интервентна единица од Одделот за затвори во Вашингтон и во Мајами, соопштија официјалните лица.

Во меѓувреме, полицаецот од Минеаполис Дерек Човин, кој го усмрти Флојд давејќи го со колено, беше пренесен во максимално обезбеден затвор до неговото прво појавување пред суд.

Тој е осомничен за убиство од трет степен и малтретирање, првото сослушување пред суд му е закажано за 8 јуни, а одредена му е кауција од 500.000 долари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот