ФБИ истражува околу 100 различни кибер напади, дел од нив се од Русија

Федерално истражно биро (ФБИ) Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Кристофер Реј за „Волстрит џурнал” изјави дека ФБИ истражува речиси 100 различни типови на кибер напади, меѓу кои и блокирани пристап до компјутерски системи со барања за откуп.

Тој во денешното интервју истакна дека Русија им дава засолниште на многу познати хакери кои користат софтвер за откуп.

– Секој од 100. различни видови на злонамерен софтвер е поврзан со многукратни кибер напади за откуп во САД, посочи Реј.

Кремљ тврдењата на Реј дека Русија е засолниште за хакерите ја оцени како „емотивна реакција”.

Пред неколку дена, кибер напад ја прекина работата на американските и австралиските филијали на бразилската компанија за преработка на месо ЈБС, а Белата куќа за нападот обвини хакери кои се кријат во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот