ФБИ: Американците лани изгубиле повеќе од 5,6 милијарди долари во измами поврзани со криптовалути

Американците лани загубиле повеќе од 5,6 милијарди долари како резултат на измамнички шеми со користење на криптовалути или 45 отсто повеќе отколку во 2022 година, се наведува во извештај на Федералното истражно биро (ФБИ).

ФБИ лани добило речиси 70.000 жалби од жртви на финансиски измами со користење на биткоин, етер и други криптовалути.

– Децентрализираната природа на криптовалутите, брзината на неповратни трансакции и можноста за пренос на вредност низ целиот свет ги прават криптовалутите привлечен инструмент за криминалците, а истовремено создаваат проблеми за враќање на украдените средства, изјави Мајкл Нордуол помошник директор на одделот за кривични истраги на ФБИ,.

Измамниците често наоѓаат жртви преку апликации за запознавање или социјални мрежи и градат доверливи односи во текот на неколку недели или месеци, пред да предложат инвестирање во криптовалути, предупреди ФБИ. Откако односот е изграден, тие ги убедуваат жртвите да инвестираат средства на лажни веб-сајтови или апликации. Понекогаш дури и дозволуваат жртвите да добијат мали суми на пари во почетните фази за да нема сомнежи.

Во некои случаи, по вакви измами, жртвите повторно стануваат жртви на измамници кои тврдат дека можат да помогнат во враќањето на изгубенат криптовалута, соопшти ФБИ.

ФБИ истакнува дека жртви на вакви измами можат да бидат луѓе од сите возрасти. ФБИ ги повикува граѓаните да бидат особено внимателни кога добиваат инвестициски можности од луѓе со кои никогаш не се сретнале во реалниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот