Фаворитската улога да се потврди на теренот: Фудбалерите вечерва ја пречекуваат Малта

Фото: ФФМ

Вечерва од 20:45 часот фудбалската репрезентација на Македонија ги започнува квалификациите за Европското првенство 2024, а противник ни е Малта.

Македонија е фаворит на хартија пред натпреварот, но како и што порача селекторот Милевски на вчерашната прес-конференција, таа улога ќе мораме да ја потврдиме со добра игра на теренот.

Низ историјата Македонија против Малта одиграла шест натпревари, а само два од нив биле квалификациски, останатите четири средби се контролни натпревари. Покрај актуелниот квалитет и традицијата вели дека вечерва треба да очекуваме победа, само еднаш фудбалерите на оваа земја останале непоразени против нас, Македонија има пет победи.

Гол-разлика е убедливо на наша страна со 15:2. Останува вечерва да се надеваме дека ќе ја продолжиме добрата низа.

1996: Македонија – Малта 1-0

1996: Малта – Македонија 0-2

1998: Македонија – Малта 4-0

1998: Малта – Македонија 1-2

2002: Македонија – Малта 5-0

2010: Малта – Македонија 1-1

Милевски пред натпреварот со Малта: Во денешниот фудбал не постојат фаворити

Ристовски: Ако отвориме со Малта на добар начин, ќе добиеме ветер во грбот за следните натпревари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот