Фаворитите според планот, МЗТ Скопје едвај против Кожув!

фото: мзт скопје аеродром

Бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром со победа ја стартуваше одбраната на титулата, во Гевгелија славше минимално против Кожув со 76:78.

За гевгеличани доминираше Пејн со 16 поени (четири скока), а во победничките редови Караџовски забележа 15 поени, додаде по пет скока и асистенции.

Тесна победа забележа и Куманово на домашен терен над Пелистер со 84:79, најмногу благодарение на Јанески со 26 поени (осум скока) и Младеновиќ со 24 поени (осум скокови, 17 асистенции).

Фаворитските улоги ги оправдаа Еуроникел со триумфот во Скопје против Вардар 92:82 и Гостивар со победата над Академија ФМП со 95:75.

Првото коло од Првата македонска кошаркарска лига ќе биде заокружено на 16 октомври со дуелот меѓу Работнички и младинскиот тим на МЗТ Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот