Фаворитите без проблеми во последното коло од Лигата на Европа

twitter/UEFA Europa League

Манчестер јунајтед влезе во победничка серија и по големите победи во Премиер лигата над Тотенхем и Манчестер сити, сега на ред дојде и Лигата на Европа. „Црвените ѓаволи“ со 4:0 го совладаа АЗ Алкмар за заверка на првото место во групата Л. Јанг, Мата и Гринвуд (два гола) ја тресеа мрежата на холандскиот тим.

Вулверхемптон со идентичен резултат го совлада Бешикташ, а во главната улога беше Јота кој постигна хет-трик. Четвртиот гол беше дело на Дендонкер.

Екипата на Башакшехир благодарение на голот на Ензо Кривели во последната минута од натпреварот ја победи Борусија Менхенгладбах со 1:2 и си обезбеди европска пролет.

Резултати:

Група Г:
Ренџерс – Јанг Бојс 1:1
Порто – Феенорд 3:2

Табела
Порто 10, Ренџерс 9, Јанг Бојс 8, Феенорд 5

Група Х:
Еспањол – ЦСКА Москва 0:1
Лудогорец – Ференцварош 1:1

Табела
Еспањол 11, Лудогорец 8, Ференцварош 6, ЦСКА Москва 5

Група И:
Гент – Олександрија 2:1
Волсфбург – Сент Етјен 1:0

Табела
Гент 12, Волфсбург 11, Сент Етјен 4, Олександрија 3

Група Ј:
Борусија М. – Башакшехир 1:2
Рома – ВАЦ 2:2

Табела
Башакшехир 10, Рома 9, Борусија М. 8, ВАЦ 5

Група К:
Слован – Брага 2:4
Вулверхемптон – Бешикташ 4:0

Табела
Брага 14, Вулверхемтон 13, Слован 4, Бешикташ 3

Група Л:
Манчестер Ј. – АЗ Алкмар 4:0
Партизан – Астана 4:1

Табела
Манчестер Ј. 13, АЗ Алкмар 9, Партизан 8, Астана 3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот