Фаворит за МВП: За Кари е важен само шампионскиот прстен!

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Во ноќта меѓу четврток и петок ќе започне финалната серија во НБА лигата, а во првиот натпревар Голден Стејт Вориорс гостува кај Торонто Репторс.

Кари по петти пат во својата кариера ќе се бори за шампионскиот прстен, а го освојувал вкупно до сега трипати.

На почетокот од финалната серија во редовите на Голден Стејт нема да биде Кевин Дурент, па повторно се очекува искусниот плејмејкер да биде главен носител на играта.

– Јасно ми е зошто околу тоа се зборува. Тоа ми годи, тоа значи дека сум бил добар. Тоа би било големо достигнување, знам дека морам да бидам на едно високо ниво, ако планираме да го освоиме шампионскиот прстен. Дали тоа значи дека ќе бидам МВП? Не знам, ќе пуштам тоа да дојде само од себе. Поважно ни е да ја одбраниме титулата, а самата игра не можете да ја измамите – вели Кари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот