Фаворит е Барса, во трката уште три екипи за потписот на Агуеро!

Фото: EPA-EFE/JAMES BOARDMAN

Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро по 10 години ќе го напушти Манчестер сити ова лето и многу се шпекулира околу тоа кој би можел да биде новиот клуб во кариерата на одличниот напаѓач.

Постојат многу клубови кои би сакале да го ангажираат, но големите барања околу платата на Аргентинецот може да бидат проблем.

Агуеро е слободен играч на крајот на сезоната и ќе го напушти клубот без обештетување, а фаворит да го донесе е Барселона, додека во конкуренција се и ПСЖ, Јувентус и Челси.

Британските медиуми јавуваат дека Агуеро бара од следниот клуб неделна плата од 230.000 евра, што е за околу 70 илјади помалку од неговата сегашна плата во Сити.

Според познатиот новинар Нико Скира, каталонскиот клуб му понудил двегодишен договор на Агуеро и сака што побрзо да постигне соработка со него. Друг фактор е сигналот што Лионел Меси го испрати до управата, а кој, наводно, како услов да остане во клубот, бара офанзивниот дел од тимот да го засили врвен напаѓач, а желбата е токму Агуеро. Агуеро и Меси се кумови и големи пријатели скоро две децении, цимери во националниот тим и заедно станаа младински светски шампиони со аргентинската репрезентација во 2004 година. Од друга страна, холандскиот тренер Роналд Куман повеќе би сакал на „Камп Ноу“ да дојде неговиот сонародник Мемфис Депај, играчот на Лион.

33-годишниот Агуеро го напушта „Етихад“ како клупска легенда и најдобар стрелец на „граѓаните“ на сите времиња, тој постигна 257 гола на 384 одиграни натпревари досега. Агуеро го облече дресот на Манчестер сити во 2011 година, кога пристигна од Атлетико Мадрид за 40 милиони евра. Оваа сезона тој одигра само 15 натпревари за „граѓаните“ и постигна три гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот