Фаучи за навредите на Трамп: Ништо лично, строго деловно

Доктор Ентони Фаучи / Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи, по повод последните напади на претседателот Трамп Доналд врз него, истакна дека тој само сака да си ја заврши својата работа и да биде фокусиран на здравјето на луѓето во САД.

Запрашан во интервју за радиото КНКС во Лос Анџелес дали некогаш сакал да ја напушти својата улога во Белата куќа поради нападите на Трамп, Фаучи одговори со цитат од филмот „Кум“, пренесува Си-Ен-Ен.

-Зависи дали ќе го сфатиш лично. Јас се фокусирам целосно на здравјето и благосостојбата на луѓето во оваа земја. Јас на тоа посветив 50 години од мојата кариера и тоа е единственото нешто за што навистина се грижам. Остатокот, што се однесува до мене, е како во „Кум“: „Ништо лично, строго деловно “- рече Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести.

За време на повикот за кампањата, претседателот Трамп рече дека луѓето се уморни од слушање за пандемијата на коронавирус и го критикуваше Фаучи, нарекувајќи го „катастрофа“.

Трамп: Фаучи е катастрофа, луѓето се уморни да го слушаат него и сите тие идиоти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот