Фаучи: Вакцината „Астра-Зенека” има добра ефикасност, но во овој момент нема да ни треба

фото: твитер

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи верува дека на Американците можеби нема да им биде потребна вакцината „Астра-Зенека” поради поседувањето вакцини од другите производители.

Вакцината „AстраЗенека” против Ковид-19 има добра ефикасност, но мора да се решат проблемите со безбедноста, рече врвниот американски експерт за заразни болести.

-Мислам дека вакцината „Астра-Зенека”, од гледна точка на ефикасноста, е добра вакцина и, доколку се отстранат безбедносните проблеми во Европската унија, ефикасноста на оваа вакцина е навистина добра, изјави Фаучи за Би-Би-Си радио.

Меѓутоа, додаде тој, „ не е јасно дали некогаш ќе користиме „Aстра-Зенека” или не, но во овој момент се чини дека нема да ни треба. Ова не е негативно обвинение против „Aстра-Зенека”, туку едноставно тоа е можно со оглед на набавките што ги имаме од другите компании„ додаде Фаучи.

Во време кога САД ги ублажуваат ограничувањата за ковид-19, Фаучи рече дека постои „навистина ризична ситуација” кога повторно се отворија барови и ресторани на некои места каде што не беше спроведена мерката за носење маски.

Фаучи смета дека не е време за предвремено прогласување победа со пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот