Фаучи: Сите вакцини против ковид-19 одобрени во САД се безбедни

Фото: EPA-EFE/Graeme Jennings / POOL

Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи потврди дека вакцините против ковид-19 кои се одобрени во САД се безбедни, откако американските регулатори ја запреа испораката на вакцини на „Џонсон и Џонсон“ заради извештајот во кој се наведува дека тие можат да доведат до создавање на крвни згрутчувања.

Директорот на американскиот центар за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски ги повика Американците да ги искористат своите закажани термини за вакцинација со вакцината на „Модерна“, додека американската влада работи на тоа да се озбезбедат останатите одобрени вакцини за да се надокнади паузата во испораката на вакцините од „Џонсон и Џонсон“, пренесува Ројтерс.

-Веруваме дека со податоци и факти ќе ја зајакнеме довербата на јавноста во владата и во вакцините, рекол координаторот за одговор на Белата куќа на ковид-19, Џеф Зиентс на брифинг за медиумите.

Американските сојузни здравствени агенции во вторникот препорачаа на најмалку неколку дена да се запре користењето на вакцини на компанијата „Џонсон и Џонсон“, откако шест жени помлади од 50 години добија крвни згрутчувања после примање на таа вакцина.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот