Фаучи се извини за изјавата дека британските власти прерано ја одобриле вакцината против ковид-19

Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи се извини за изјавата дека британските власти прерано ја одобриле вакцината против ковид-19, велејќи дека тој има „голема верба” во државните регулатори на таа земја.

Фаучи, кој е директор на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД, предизвика контроверзии со претходната изјава дека британските здравствени регулатори не ги проучувале податоците за студијата толку внимателно како Управата за храна и лекови на САД (ФДА).

Фаучи: Велика Британија не ја проучи вакцината против ковид-19 толку внимателно како САД

Тој рече дека сакал да каже дека американските власти работат поинаку од нивните британски колеги, а не подобро, но неговите коментари не биле веродостојно пренесени.

– Имам голема верба и во научната заедница и во регулаторите во Велика Британија, и секој што ме познава мене и мојот однос кон тоа, кој е ист со децении, знае дека е така, изјави Фаучи за Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот