Фаучи: САД нема да стекнат имунитет, бидејќи многу Американци не сакаат да се вакцинираат

фото: твитер

Еден од водечките американски експерти во борбата против коронавирусот, Ентони Фаучи, изјави дека ќе биде задоволен од вакцина што ќе биде од 70 до 75 проценти ефикасна, но предупреди дека таа нема да биде целосна заштита, особено поради фактот дека многу Американци не сакаат да се вакцинираат.

Затоа, вели тој, малку е веројатно дека САД ќе стекнат доволно имунитет за да ја сузбијат епидемијата.

Фаучи додаде дека вакцината со ефикасност од 70 до 75 проценти не може да обезбеди „имунитет на стадо”.

Тој посочи дека меѓу алармантно голем број луѓе постои „генерално расположение против науката, владата и вакцината” и додаде дека американската Влада почнува програма за едукација за вакцините како одговор на антиваксерските пораки.

-Програмата ќе опфати голем дел од општеството. Луѓето можеби не сакаат тоа да им го кажуваат лица во костуми, поврзани со владата, како мене, на пример, иако јас, сепак, тоа ќе им кажам. Тие во програмата треба да видат лица на кои можат да се потпрат во заедницата – спортисти, локални херои, луѓе што можат да ги имитираат , појасни Фаучи за Си-Ен-Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот