Фаучи: САД мора да се држат до стратегијата за две дози на вакцина

Фото: EPA-EFE/Doug Mills / POOL

САД мора да се придржуваат до стратегијата за давање на две дози при примена на вакцините што се развиени од компаниите „Фајзер“, „БајонТек“ и „Модерна“, истакна водечкиот американски епидемиолог, Ентони Фаучи.

Фаучи за „Вашингтон пост” изјави дека е ризично да се одложи втората доза на вакцината со цел да се вакцинираат повеќе Американци.

Тој додаде дека примена на стратегијата за давање една доза може да доведе до тоа луѓето да бидат помалку заштитени, да овозможат ширење на мутациите и да го зголемат скептицизмот кај оние Американци кои не сакаат да се вакцинираат.

– Им кажуваме на луѓето дека треба да земат две дози и потоа им велиме: Упс, се премисливме?, праша Фаучи.

Тој додаде дека во понеделникот разговарал со британските здравствени власти, кои одлучија да ја одложат втората доза со цел да се зголеми бројот на луѓе што ќе примат вакцина што е можно поскоро. Фаучи рече дека примената на таквата стратегија нема да има смисла во САД.

Тој додаде дека науката не поддржува одложување на втората доза за овие вакцини и посочи на истражување посветено на фактот дека давањето две дози развива доволна заштита од позаразните мутации, додека употребата на една доза може да ги доведе Американците во ризик од видовите како што е оној кој првпат беше откриен во ЈАР.

– Не знаете колку е трајна таа заштита, рече Фаучи.

Фаучи во неделата ги повика Американците да примат која било од трите вакцини достапни во САД, вклучувајќи ја и неодамна одобрената вакцина на „Џонсон&Џонсон“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот