Фаучи: Првата вакцина против коронавирус во САД ќе биде достапна во декември или јануари

Доктор Ентони Фаучи / Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Доколку се помине добро, првите дози на безбедни и ефикасни вакцини ќе бидат достапни за високоризичните групи во САД кон крајот на декември или евентуално на почеток на јануари, соопшти денеска Ентони Фаучи, водечкиот американски имунолог.

На основа на проекциите на главните компании Модерна и Фајзер, Американците во „некој момент од декември ќе знаат дали постои ефективна вакцина или не“, додаде Фаучи.

„Првиот увид во вакцината би требало, се надевам, да го имаме во наредните неколку недели“, рече тој, а пренесува Ројтерс.

Модерна и Фајзер ја почнаа финалната фаза од клиничкото тестирање кон крајот на јули, кога учествуваа десетици илјади луѓе.

Од Модерна денеска соопштија дека се на добар пат да ги дадат прелиминарните податоци од последната фаза на тестирањето на вакцината веќе следниот месец.

Компанијата Фајзер која треба да ги обелодени прелиминарните податоци од тестирањето во октомври, нема да стигне да ги објави пред ноември, а тоа најверојатно ќе се случи кога ќе завршат претседателските избори на 3 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот