Фаучи: Непочитувањето на препораките за Ковид-19 е „рецепт за катастрофа”

Во САД има повеќе од 2,5 милиони заразени со новиот коронавирус, а повеќе од 125.000 луѓе починаа од Ковид-19, и тие бројки се највисоки во светот.

Наглиот скок на новозаразени со Ковид-19 во САД во најголем дел е предизвикан од игнорирање на препораките да се одржува растојание и да се носат маски, нагласи главниот експерт на Управата за инфективни болести на САД.

Дневниот скок на новозаразени е најизразен во јужните и западните сојузни држави, кои не ги следеа препораките на здравствените службеници да чекаат постојан пад на инфекциите пред да се отвори економијата.

– Тоа е рецепт за катастрофа, изјави Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, за Си-Ен-Ен.

– Сега ги гледаме последиците од ширење на заразата во заедница кои е многу тешко да се запрат од ширењето на познати физички локации, како што се затворите, домови за стари лица или погони за преработка на месо, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен.

Во САД има повеќе од 2,5 милиони заразени со новиот коронавирус, а повеќе од 125.000 луѓе починаа од Ковид-19, и тие бројки се највисоки во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот