Фаучи: Мутациите на коронавирусот влијаат врз ефикасноста на вакцините

Фото: EPA-EFE/Al Drago / POOL

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи изјави дека постои причина за загриженост во врска со влијанието на некои мутации на коронавириусот врз вакцините, но научниците имаат многу опции за прилагодувања со цел да се обезбеди нивна ефикасност.

Фаучи истакна дека посебни причини за загриженост постојат кога станува збор за мутираниот вид на коронавирусот, кој првично е откриен во Јужна Африка, бидејќи лабораториските испитувања покажуваат дека може да се намали заштитната моќ на досега одобрените вакцини.

Тој додаде дека нивното ниво на заштита и натаму е во дозволениот обем на отстапки.

Фаучи изјави дека моментно е во тек испитување на ефикасноста на една вакцина против видот откриен во Јужна Африка и оној што првично се појави во Бразил, а кое го оцени како ветувачки развој на случувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот