Фаучи: Коронавирусот е мој најлош кошмар

фото: твитер

Американскиот експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, предупреди дека пандемијата на коронавирусот се уште не е завршена и ја опиша како „најлош кошмар”.

– Еболата беше страшна. Но, таа не може лесно да се пренесе….Сега имаме нешто што се претвори во мој најлош кошмар. За четири месеци, пандемијата го уништи целиот свет, рече Фаучи.

Тој посочи дека има милиони и милиони заразени низ целиот свет во многу кратка временска рамка.

На конференцијата организирана од Организацијата за биотехнолошки иновации, Фаучи призна дека е изненаден од брзината со која се шири коронавирусот, но додаде дека е убеден дека ќе се најде вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот